Опис
- Производител/Бренд: Tramontina
- Премиум месарски нож од линијата на Premium – Tramontina специјално дизајниран за сечење и подготовка на поголеми парчиња месо, со тежок и закривен раб. Се користи за сечкање, разделување, отстранување на маснотии и коскен материјал при обработка на сурово и готвено месо. Извонреден за најтешките задачи — остар со термички обработено сечило од Inox и посебно текстурирана, ергономична рачка од бел полипропилен, овој нож е комбинација од професионален дизајн, издржливост и практичност
- Материјал:
- Сечило од не’рѓосувачки челик (Inox), термички обработено – процес кој обезбедува долготрајност и зголемени перформанси, oсобено кај овие ножеви осигурува поголема цврстина, острина, висока отпорност на абење, корозија и разни механички стресови
- Рачка од полипропилен во бела боја со посебна текстура дизајнирана за да спречи лизгање при користењето и ергономска форма за цврст и удобен контакт
- Доаѓа во две димензии:
- Tramontina Premium 8″ Butcher’s Knife 24475/188: должина – 337 мм x ширина – 46 мм x висина – 22 мм
- Tramontina Premium 10″ Butcher’s Knife 24475/180: должина – 415 мм x ширина – 52 мм x висина – 22 мм
- Лесно одржување: погодeн за миење во машина за садови – практичност за секојдневна употреба
- Темелно измијте и добро исушете гo ножот пред првата употреба
- Внимателно ракувајте со него и чувајте го подалеку од дофат на деца
- За долготрајност, добро исушете го пред складирање, вклучително и по вадењето од машината за миење садови. Ве молиме рециклирајте го производот и пакувањето во согласност со постојните упатства за рециклирање





Коментарите
Сè уште нема критики