Политика на Приватност
1. Кои лични податоци се собираат и зошто
Коментари
Кога посетителите оставаат коментари на нашата страница, ние ги собираме податоците прикажани во формата за коментари, како и IP адресата на посетителите, со цел да детектираме непосакувани (spam) напади
Медија
Посетителите на веб-страницата можат да ги преземаат и користат нашите слики, со задолжително назначување на изворот на сликата
Колачиња (Cookies)
Доколку оставите коментар или отворите профил на нашата страница, можете опционално да одберете Вашето име и е-пошта да се зачуваат во т.н. колачиња (cookies). Ова го правиме за да не мора повторно да ги пополнувате овие податоци при следното оставање коментар. Овие колачиња ќе бидат активни во период од една година
Вградена содржина од други веб-страници
Написите на оваа веб-страница може да содржат вградени содржини (на пр. видеа, слики, објави и сл.). Вградената содржина од други страници се однесува на ист начин како посетителот директно да ја посетил соодветната веб-страница.
Овие веб-страници може да соберат податоци за Вас, да користат колачиња, да вметнат дополнително следење од трети лица и да ја следат вашата интеракција со вградената содржина — вклучително и доколку имате сметка и сте најавени на таа веб-страница
Аналитика
Податоците за посетите на нашата страница се следат и анализираат со единствена цел — подобрување на корисничкото искуство и оптимизација на услугите што ги нудиме
2. Со кого ги споделуваме Вашите податоци и колку долго ги задржуваме
Доколку оставите коментар, коментарот и неговите метаподатоци се задржуваат на неодредено време. Ова е со цел да можеме да ги препознаеме и одобриме идните коментари, наместо да ги задржуваме во редица на чекање за проверка.
За корисниците кои се регистрираат на нашата веб-страница, ние ги чуваме личните информации наведени во нивниот кориснички профил. Сите корисници можат да ги видат, уредуваат или бришат своите лични податоци во кое било време (освен корисничкото име кое не може да се менува). Администраторите на веб-страницата исто така можат да ги видат и уредуваат овие информации
3. Какви права имате над Вашите податоци
Доколку имате кориснички профил на оваа веб-страница или сте оставиле коментари, имате право да побарате извештај (датотека) со сите лични податоци што ги чуваме за Вас, вклучувајќи ги и оние што сте ни ги доставиле самите. Исто така, можете да побарате бришење на Вашите лични податоци од нашата база, ова не ги вклучува податоците што сме законски обврзани да ги чуваме за административни, правни или безбедносни цели
4. Услови за користење и приватност при нарачка
За успешно извршување на онлајн нарачка, потребно е да се следат неколку едноставни чекори:
- Проверка на залиха — Пред да направите нарачка, проверете дали саканиот производ е достапен на залиха. Оваа информација е видлива директно на страницата на производот. Доколку производот е достапен, слободно пристапете кон нарачката
- Додавање во кошничка — Откако ќе го одберете производот, притиснете на него и додадете го во кошничката. На овој начин можете да додавате повеќе производи во рамките на една нарачка и потоа да ги нарачате сите заедно
- Финализирање на нарачката — Откако ќе завршите со додавање на производи, пристапете кон финалниот дел од нарачката. Влезете во Вашата кошничка, проверете дали сте ги одбрале точните производи и, доколку е потребно, направете корекции. Пополнете ги бараните информации за испорака и потврдете ја нарачката
Доколку не ја добиете потврдата и не бидете контактирани од наша страна во рок од 24 часа, тоа значи дека нарачката не е успешно примена (можни причини: слаба интернет конекција, неработно време или неправилно пополнета нарачка). Во таков случај, Ве молиме обидете се повторно или контактирајте нè на:
5. Достапност на производите
Нашиот оператор ќе Ве контактира исклучиво доколку постои проблем со достапноста на нарачаните производи.
Доколку нарачката е направена во петок по 16:00 часот или во текот на викендот (сабота-недела), операторот ќе Ве контактира наредниот работен ден
6. Откажување на нарачка
Откажување на нарачка е можно во рок од еден час од моментот на нарачката, и тоа исклучиво преку контакт на следниве броеви или е-пошта:
