Опис
- Потекло: Шпанија
- Производител: ARCOS HERMANOS S.A.
- Прецизност на секој потег – тоа е духот на Arcos ‘Universal Slicing Knife 280 mm’, изработен во Шпанија со автентична и нова технологија на не’рѓосувачки челик – NITRUM® – , овој нож преку својот дизајн овозможува лесно одделување на маснотиите и чисто сечење на тенки и униформни парчиња разно месо (шунки, пилешко, риба, печењe). Ергономската POM рачка и Bactiproof Silver® технологијата гарантираат висока чистота, сигурност и професионален изглед
- Материјал:
- Долго, тенко и флексибилно ковано сечило спеијализирано за фино и детално сечење како и одделување на маснотии од големи парчиња на сурово и подготвено месо. Сечилото е изработено од високо-перформансен не’рѓосувачки челик, збогатен со азот – NITRUM® – Ексклузивна формула на оваа компанија, која нуди висока цврстина и издржливост при високи температури, долготрајна острина и отпорност од механички стресови, корозија
- Полиоксиметиленска (POM) рачка – ергономски дизајнирана за удобност и безбедност при работа, со висока цврстина и јачина, отпорна на високи температури, термални шокови, влага, како и абење и разни хемиски агенси, со нелизгава површина и мека текстура, совршена за беспрекорно ракување. Споена со зацврстувачи од не’рѓосувачки челик со кои се обезбедува издржливост, удобност и безбедност при употреба
- Вклучува Bactiproof Silver® технологија , дизајнирана да ја заштити површината на ножот од бактерии и габи до 99,9%
- Боен систем за идентификација: црната боја на дршката помага во визуелна идентификација на ножот, што е особено корисно за одржување на хигиенски стандарди во професионални кујни
- Димензии: должина на сечило – 280 мм
- Нето тежина (без пакување): 200 гр
- Совршен избор за сите готвачи/кувари кои сакаат високи перформанси и елеганција во кујната
- Одржување: се препорачува рачно миење со топла вода и со нежен неутрален сапун за задржување на квалитетот на производот





Коментарите
Сè уште нема критики