Опис
- Потекло: Шпанија
- Производител: ARCOS HERMANOS S.A.
- Кога задачата е сериозна – сечење и подготвка на месо и филети – овој нож не прави компромис. Со дизајн заснован на професионалните барања и квалитетот на брендот Arcos, моделот 292600 од серијата 2900 е спремен за интензивна употреба, дома или во гастро-средини
- Наменет за месеарски употреби („butcher“): сечење на големи парчиња месо, темелно филетирање и подготвка
- Материјал:
- Средно сечило со соодветна должина за професионална употреба од страна на месари, за индустриска употреба во ресторани или за во домашна кујна, изработено од високо-перформансен не’рѓосувачки челик, збогатен со азот – NITRUM® – Ексклузивна формула на оваа компанија, која нуди висока цврстина и издржливост при високи температури, долготрајна острина и отпорност од механички стресови, корозија
- Рачка од инјектиран полипропилен – револуционерно ергономски дизајнирана за удобност и безбедност при работа, која има висока отпорност на механички удари и хемикалии, се одликува со нелизгава и хигиенска површина и е издржлива на високи температури до 130°C
- Дизајн: врвот на ножот се користи за отстранување на кожата за да се иницира процесот на одвојување на коските и има совршено мазен раб за фино и прецизно сечење
- Вклучува Bactiproof Silver® технологија , дизајнирана да ја заштити површината на ножот од бактерии и габи до 99,9 %
- Спојот помеѓу рачката и сечилото е траен благодарение на процесот на инјектирање со кој се спојуваат
- Димензии: вкупна должина – 345 мм | должина на сечило – 200 мм
- Нето тежина (без пакување): 220 гр
- Жолтата боја на рачката го идентификува ножот за да се разликуваат прехранбените производи што се сечат, со што се постигнува подобра хигиенско-санитарна контрола за потрошувачот, врз основа на европските регулативи
- Одржување: се препорачува рачно миење со топла вода и со нежен неутрален сапун за задржување на квалитетот на производот





Коментарите
Сè уште нема критики