Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- За сите љубители на врвни деликатеси, F. Dick го претставува овој уникатно перфориан, назабен нож специјално конструиран за сечење меки сирења од типот на Brie, Camembert или Roquefort без воопшто да го наруши нивниот изглед
- Најважната карактеристика се големите празнини (перфорации) на самото сечило, тие создаваат воздушни џебови кои ја намалуваат површината на контакт со сирењето на минимум, со што целосно се елиминира лепењето дури и кај најкремастите видови
- Назабено сечило (Serated edge) – долниот раб на ножот е ситно назабен, што овозможува лесно и прецизно пробивање низ потврдата надворешна кора на сирењето без да се притиска и гмечи мекиот внатрешен дел
- Разделен врв (Forked tip) – практичен врв во форма на виљушка, овозможува лесно подигнување и сервирање на веќе исечените парчиња директно на чинијата, без потреба од дополнителен прибор
- Со овој нож, вашата даска за сирења (Cheese Board) ќе изгледа како да е подготвена од професионален шеф на кујна, идеална алатка за ресторани, барови за вино и домашни гурмански собири
- Материјал:
- Изработен од врвен германски челик – висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономски дизајнирана рачка изработена од висококвалитетен полимер кој е отпорен на абење и не дозволува пролизгување, дури и ако рацете се влажни
- Димензии: вкупна должина – 279 мм | должина на сечило – 150 мм
- Нето тежина (без пакување): 70 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Коментарите
Сè уште нема критики