Право на откажување / Враќање на пратка
1. Услови за враќање на производ
Производот може да се врати во рок од 7 дена од денот на приемот на пратката. За да биде прифатено враќањето, производот мора да ги исполнува следниве услови:
- Производот да биде неоштетен
- Да ја приложите оригиналната фактура (или фискална сметка)
- Производот да биде спакуван во оригиналната амбалажа
Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта на адресата што ја добивате од наша страна, на трошок на клиентот
2. Оштетување или несоодветен производ
Откако курирската служба ќе Ви ја достави пратката, извршете детална проверка на производот. Во случај на видливи механички оштетувања (скршени делови, деформации, гребнатини и др.) или доколку производот не соодветствува со Вашата нарачка, Ве молиме веднаш да нè контактирате
Ве молиме да нè контактирате телефонски или преку е-пошта за да ги наведете причините за бараната замена или поврат на пратката
3. Замена и рефундација при повеќе фактури
Доколку првично креираната нарачка се раздвои во неколку фактури, трошокот за преземање на пратката од страна на курирската служба паѓа на клиентот — за секоја вратена фактура посебно, без разлика што производите биле креирани во рамките на една нарачка
4. Постапка за враќање на средства
Откако ќе ги доставите потребните податоци, ќе се подготви документација која ќе Ви биде проследена на е-маил адресата, внесена при креирањето на нарачката. Документацијата содржи детална постапка за враќање на средствата
Повратот се врши исклучиво со уплата на тековната сметка во денари. Испраќање на пари преку курир во готово не е можно
5. Препорачан начин за враќање на производите
Најбрзиот и најсигурен начин за враќање на производите е лично во нашата продавница, при што мора да бидат исполнети следниве услови:
- Производот да биде неоштетен
- Да ја приложите оригиналната фактура (или фискална сметка)
- Производот да биде спакуван во оригиналната амбалажа
