Опис
- Производител/Бренд: Tramontina
- Готварски нож (Chef’s Knife) од врвната линија Century (10 инчи) – вистински професионален алат во кујната, создаден за интензивна секојдневна и угостителска употреба. Совршен избор за прецизно сечење, сечкање и подготовка на најразлични видови месо, зеленчук и други намирници. Се одликува со кована конструкција, одличен баланс и ергономски дизајн
- Материјал: специјално ковано сечило од висококвалитетен не’рѓосувачки челик DIN 1.4110 (со должина од 10 инчи/ околу 25 цм) – гарантира долготрајна острина, прецизен рез и максимална отпорност на корозија
- Сечилото е изработено со термичка обработка во три фази (калење, sub-zero ладење со течен азот и отпуштање/стврднување) која му дава голема издржливост (жилавост) на механички стресови
- Поседува тврдост од 55 до 58 HRC која му дава супериорна отпорност на абење, долг век на траење и лесно острење
- Поликарбонатна рачка зајакната со fiberglass (стаклени влакна) и завртки од не’рѓосувачки челик – ергономска, отпорна на удари и високи температури, обезбедува сигурнo и удобно држење
- Производот поседува NSF сертификат (меѓународен стандард за хигиена и безбедност на храна) и 25-годишна гаранција од производителот за фабрички дефекти
- Димензии: 388 мм (вкупна должина) х 49 мм (ширина) х 19 мм (висина) | Должина на сечило: 249 мм
- Тежина: 305 гр
- Лесно одржување: погоден за миење во машина за садови, но за максимално зачувување на острината се препорачува рачно миење и бришење со мека крпа
- Темелно измијте го и добро исушете го ножот пред првата употреба
- Внимателно ракувајте со него поради екстремната острина и чувајте го подалеку од дофат на деца
- За подолготрајна острина на сечилото, користете даски за сечење од дрво или полипропилен
- Добро исушете го пред складирање, вклучително и по вадењето од машината за миење садови. Рециклирајте го производот и пакувањето во согласност со важечките упатства за рециклирање





Рецензии
Сè уште нема рецензии