Опис
- Производител/Бренд: Tramontina
- Професионален нож за сечење и сечкање од линијата Profissional Master на Tramontina дизајниран за интензивна секојдневна употреба во професионални кујни, месарници и домаќинства. Со широк профил на сечилото (Santoku стил), обезбедува максимална прецизност, лесно лизгање низ намирниците и одлична контрола при сечење и сечкање месо, зеленчук, риба и зачински билки
- Материјал: силно, остро и издржливо сечило од висококвалитетен не’рѓосувачки челик DIN 1.4110, гарантира извонредна острина, стабилност при сечење и висока отпорност на корозија
- На страните има специјални вдлабнатини (воздушни жлебови) кои го намалуваат триењето при сечење и спречуваат храната да се лепи
- Термички обработено на екстремно ниски температури (sub-zero процес) со што се обезбедува просечна цврстина од 56 HRc која му дава голема издржливост (жилавост), отпорност од абење и долготрајна острина
- Конусно брусено со соодветна дебелина за секоја намена што гарантира прецизност и долготрајност
- Анатомска, хигиенска и безбедна рачка – текстурирана полипропиленска рачка, директно инјектирана врз челичниот дел за совршена цврстина и спречување на задржување на остатоци од храна. Обезбедува голема удобност и сигурност при ракување и содржи антимикробна заштита која го спречува растот на габи и бактерии, подигнувајќи го нивото на хигиена
- Производот поседува NSF сертификат (меѓународен стандард за хигиена и безбедност на храна)
- Димензии: 319 мм (вкупна должина) х 53 мм (ширина) х 23 мм (висина) | Должина на сечило: 173 мм
- Тежина: 170 гр
- Лесно одржување: погоден за миење во машина за садови, но за максимално зачувување на острината се препорачува рачно миење и бришење со мека крпа
- Темелно измијте го и добро исушете го ножот пред првата употреба
- Внимателно ракувајте со него поради екстремната острина и чувајте го подалеку од дофат на деца
- За подолготрајна острина на сечилото, користете даски за сечење од дрво или полипропилен
- Добро исушете го пред складирање, вклучително и по вадењето од машината за миење садови. Рециклирајте го производот и пакувањето во согласност со важечките упатства за рециклирање





Рецензии
Сè уште нема рецензии