Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Професионалната обработка на месо бара алатки кои не се виткаат под притисок, ножевите од серијата ErgoGrip со круто (stiff) сечило се дизајнирани за задачи каде што е потребна моќ и стабилност. Неговата цврстина овозможува стабилно водење на ножот и гарантира максимална безбедност и брзина. Тесната и крута форма овозможува директен и моќен рез низ масното ткиво и тетивите
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Секој нож излегува од фабриката со врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 235 мм | должина на сечило – 100 мм | нето тежина – 120 гр (за детално вадење на коски и фино чистење на месото)
- Вкупна должина – 285 мм | должина на сечило – 150 мм | нето тежина – 120 гр ( специјалист за поцврсти парчиња месо или поголеми коски)
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Рецензии
Сè уште нема рецензии