Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Во процесот на обработка на месото, прецизното сортирање и чистење (trimming) е она што ја прави разликата во крајниот квалитет на производот. Серијата ErgoGrip Sortiermesser од F. Dick е специјално конструирана за овие задачи. Со својата закривена геометрија и карактеристичен „стомак“ на долниот дел на сечилото се овозмоѓува природно лизгање и максимален контакт со површината на месото за брзо и ефикасно отстранување на маснотиите, кожата и тетивите
- Оваа серија на ножеви доаѓа во три големини и тоа:
- Кратко сечило од 13 cm кое нуди супериорна контрола при работа со врвот на ножот и е идеално за детално чистење и сортирање на помали парчиња месо или за отстранување на фини слоеви маснотии каде што е потребна хируршка прецизност
- Стандардно сечило од 18 cm – најбараниот модел за секојдневно чистење на месо во месарниците, неговата должина овозможува долги, рамномерни резови кои ја оставаат површината на месото мазна и чиста
- Големо сечило од 21 cm – специјалист за индустриско сортирање и обработка на големи парчиња месо во погони
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 257 мм | должина на сечило – 130 мм | нето тежина – 100 гр
- Вкупна должина – 304 мм | должина на сечило – 230 мм | нето тежина – 130 гр
- Вкупна должина – 348 мм | должина на сечило – 260 мм | нето тежина – 150 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Рецензии
Сè уште нема рецензии