Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Ви ги претставуваме професионалните касапски ножеви 21, 23 & 26 cm од серијата ErgoGrip на Friedr. Dick – вистинска „тешка артилерија“ во месарницата, наменети за големи трупови и прецизно сечење, транширање на големи парчиња месо при примарната обработка
- Широкото, масивно и цврсто сечило на овие ножеви гарантира брзо и право сечење без девијации на подебелите мускулни групи и поцврстите ткива, без притоа да се наруши квалитетот на месото
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење. Полирано сечило со рабови под прецизна геометрија за лесно пробивање низ месото
- Ергономска црвена рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 335 мм | должина на сечило – 210 мм | нето тежина – 160 гр
- Вкупна должина – 365 мм | должина на сечило – 230 мм | нето тежина – 190 гр
- Вкупна должина – 395 мм | должина на сечило – 260 мм | нето тежина – 200 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Коментарите
Сè уште нема критики