Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Специјалист за совршено дерење – процесот на дерење бара специфичен нож кој нема да го оштети ниту месото, ниту кожата. ErgoGrip Abhäutemesser (Skinning Knife) од 18 cm е дизајниран со карактеристично широко и закривено сечило, клучна геометрија за контролирано природно ротирачко движење и лесно, чисто лизгање помеѓу кожата и мускулното ткиво, со што се избегнува „забодување“ во месото при работа
- Специјалниот лак на сечилото овозможува раката да остане во природна положба, намалувајќи го заморот при интензивна работа
- Намена – професионално дерење на сите видови крупен и ситен добиток
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење. Полирано сечило со рабови под прецизна геометрија за лесно пробивање низ месото
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Димензии: вкупна должина – 295 мм | должина на сечило – 180 мм
- Нето тежина (без пакување):140 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Рецензии
Сè уште нема рецензии