Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- За разлика од стандардните прави ножеви, ErgoGrip Blockmesser со закривено сечило е дизајниран за месари кои бараат брзо и лесно добивање на долги и чисти резови. Закривената геометрија на сечилото овозможува ножот природно да ја следи анатомијата на месото, правејќи го секој потег попрецизен
- Оваа серија на ножеви доаѓа во три големини и тоа:
- Со должина на сечило од 18 cm – идеален за сечење, транширање и прецизна примарна обработка на помали до средни парчиња месо
- Со должина на сечило од 23 cm – за обработка и сечење на долги, континуирани резови на големи парчиња месо
- Со должина на сечило од 26 cm – супериорен модел за сечење на масивни парчиња месо, подготовка на големи печења и примарна индустриска обработка
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење. Брусено сечило со рабови под прецизна геометрија за лесно пробивање низ месото
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 300 мм | должина на сечило – 180 мм | нето тежина – 170 гр
- Вкупна должина – 360 мм | должина на сечило – 230 мм | нето тежина – 190 гр
- Вкупна должина – 393 мм | должина на сечило – 260 мм | нето тежина – 230 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Рецензии
Сè уште нема рецензии