Опис
- Потекло: Италија
- Производител/Бренд: Accademia Mugnano
- Линијата Sale & Pepe е креирана од реномираниот италијански производител Accademia Mugnano. Компанијата има богата историја која започнува од мала занаетчиска работилница и прераснува во една од најголемите производствени активности во Италија. Оперативното седиште на компанијата се наоѓа во Спарганизе (Касерта), додека правното седиште е во Неапол, Италија. Самата производна линија Sale & Pepe е замислена како практична и функционална серија која има примарна улога во секоја кујна, обезбедувајќи врвни резултати при готвењето
- Ако барате совршен спој на врвен италијански дизајн, издржливост и исклучителни професионални перформанси во Вашата кујна, касеролата за сосови од линијата Sale & Pepe на реномираниот бренд Accademia Mugnano претставува идеален избор. Наменета за секојдневни и за посложени, фини кулинарски задачи
- Материјал и тело: изработена е од 99,5% чист алуминиум со дебелина од 2 мм
- Внатрешен премаз: содржи висококвалитетен нелеплив премаз AM Salus Hard System составен од 5 слоја, со дебелина од 25 микрони, отпорен на гребење и лесен за одржување
- Безбеден состав – премазот е произведен на база на вода и не содржи штетни материи како PFOA, никел или олово, што го прави целосно безбеден за контакт со храна
- Надворешен премаз: премачкана е со силиконски лак во светло сива боја, украсена со карактеристична шема на точки
- Опремена е со заварена, ергономска рачка отпорна на високи температури, изработена од црн сатенски бакелит
- Карактеристики (димензии, тежина, капацитет):
- дијаметар – 14 цм х висина – 7 цм/190 гр./1,6 Л
- дијаметар – 16 цм х висина – 8 цм/230 гр./1,8 Л
- Заштита и навртки: има профилиран алуминиумски штитник од пламен и навртки од не’рѓосувачки челик кои гарантираат целосна стабилност и спречуваат појава на рѓа
- Дното е ласерско прецизно сечено, избрусено под прав агол со нелизгачки својства и присуство на концентрични кругови кои овозможуваат идеална дистрибуција на топлината





Рецензии
Сè уште нема рецензии