Опис
- Потекло: Италија
- Производител/Бренд: Accademia Mugnano
- Линијата Sale & Pepe е креирана од реномираниот италијански производител Accademia Mugnano. Компанијата има богата историја која започнува од мала занаетчиска работилница и прераснува во една од најголемите производствени активности во Италија. Оперативното седиште на компанијата се наоѓа во Спарганизе (Касерта), додека правното седиште е во Неапол, Италија. Самата производна линија Sale & Pepe е замислена како практична и функционална серија која има примарна улога во секоја кујна, обезбедувајќи врвни резултати при готвењето
- За љубителите на азиската кујна и брзата подготовка на здрави оброци, Wok тавата од линијата Sale & Pepe на италијанскиот бренд Accademia Mugnano претставува вистинско кулинарско задоволство. Создадена со врвен италијански дизајн, естетика и функционалност, оваа тава носи професионален квалитет во Вашата домашна кујна
- Благодарение на својата длабока и заоблена форма, овој вок е идеален за брзо пржење со постојано мешање (stir-fry) на зеленчук, месо и морски плодови, при што храната ги задржува своите хранливи вредности и крцкавост, одличен е и за подготовка на разни тестенини, ориз, богати сосови, динстање, па дури и за пржење во подлабоко масло
- Материјал и тело: изработена е од 99,5% чист алуминиум со дебелина од 2 мм
- Внатрешен премаз: содржи висококвалитетен нелеплив премаз AM Salus Hard System составен од 5 слоја, со дебелина од 25 микрони, отпорен на гребење и лесен за одржување
- Безбеден состав – премазот е произведен на база на вода и не содржи штетни материи како PFOA, никел или олово, што го прави целосно безбеден за контакт со храна
- Надворешен премаз: премачкана е со силиконски лак во светло сива боја, украсена со карактеристична шема на точки
- Опремена е со заварена, ергономска рачка отпорна на високи температури, изработена од црн сатенски бакелит
- Карактеристики (димензии, тежина):
- дијаметар – 220 мм х висина – 70 мм/460 гр.
- дијаметар – 240 мм х висина – 70 мм/520 гр.
- дијаметар – 260 мм х висина – 70 мм/590 гр.
- дијаметар – 280 мм х висина – 75 мм/660 гр.
- Заштита и навртки: има профилиран алуминиумски штитник од пламен и навртки од не’рѓосувачки челик кои гарантираат целосна стабилност и спречуваат појава на рѓа
- Дното е ласерско прецизно сечено, избрусено под прав агол со нелизгачки својства и присуство на концентрични кругови кои овозможуваат идеална дистрибуција на топлината
- Спојот на безбедноста, издржливоста и елегантниот италијански изглед ја прави оваа тава незаменлив партнер за секојдневните кулинарски предизвици





Рецензии
Сè уште нема рецензии