Опис
- Бренд: FG Electronics
- Врвна иновација за стилизирање — мултифункционалниот стајлер на топол воздух GoldAir Multi-Styler FG Electronics Ви нуди комплетно салонско искуство во удобноста на Вашиот дом. Со сет од заменливи додатоци за сушење, додавање волумен и креирање воздушести локни, овој уред овозможува лесно да ја трансформирате Вашата коса преку моќта на воздушниот проток, со помалку оштетување од топлина
- Мултифункционалност 3-во-1
- Тркалезна четка за постигнување раскошен волумен – низ нејзините отвори дува топол воздух, па додека се чешлате, таа истовремено ја суши косата, ја измазнува и помага да се подигне влакното од самиот корен
- Два специјални цилиндрични додатоци – Како работат? Низ вертикалните процепи излегува силен млаз на топол воздух, овој воздух природно го привлекува праменот коса и го обвиткува околу цилиндарот, така се формира локна без влакното да се пече на жежок метал како кај класичното фигаро.
Кај едниот цилиндар млазот воздух се движи во една насока (налево), а кај другиот во спротивна насока (надесно), ова Ви овозможува локните да ги виткате нанадвор од лицето симетрично, и на левата и на десната страна од главата
- Брза замена (Quick-Release): интегрирано копче за лесно, брзо и безбедно менување на работните глави во текот на стилизирањето
- Дизајн – премиум мат црно куќиште збогатено со луксузни златни детали и ергономска форма прилагодена за лесно ракување
- Прилагодливи поставки: лизгачки прекинувач за едноставна контрола и избор на соодветната температура, јачина на дување според потребите на Вашата коса
- Додатоци во пакетот: 1x Тркалезна четка за волумен, 2x Цилиндрични додатоци за оформување
- Контроли: лизгачки прекинувач за брзина/топлина/дување ладен воздух + копче за ослободување додатоци
- Заменливи глави кои ротационо се вадат и прицврстуваат
- Моќност: 1.200 W
- Напојување: 110–240 V, 50/60 Hz
- (360°) ротирачки кабел со должина од 1,8 м и кука за закачување
- Гаранција: 2 години





Коментарите
Сè уште нема критики