Опис
- Потекло: Шпанија
- Производител: ARCOS HERMANOS S.A.
- Готварски нож од серијата 2900 на Arcos претставува универзален „Chef’s Knife” дизајниран за: сечење, сечкање, чистење, дробење и подготовка на најразлични состојки. Благодарение на челикот, специјално формулиран како NITRUM® и ергономската PP (полипропиленска) рачка, овој нож го носи капацитетот и издржливоста што ја очекувате од професионален готварски нож
- Материјал:
- Широко сечило со мазен раб и остар врв – карактеристичен дизајн на готварски нож – изработено од високо-перформансен не’рѓосувачки челик, збогатен со азот – NITRUM® – Ексклузивна формула на оваа компанија, која нуди висока цврстина и издржливост при високи температури, долготрајна острина и отпорност од механички стресови, корозија
- Рачка од инјектиран полипропилен – револуционерно ергономски дизајнирана за удобност и безбедност при работа, која има висока отпорност на механички удари и хемикалии, се одликува со нелизгава и хигиенска површина и е издржлива на високи температури до 130°C
- Вклучува Bactiproof Silver® технологија , дизајнирана да ја заштити површината на ножот од бактерии и габи до 99,9%
- Спојот помеѓу рачката и сечилото е траен благодарение на процесот на инјектирање со кој се спојуваат
- Сечилото може да се точи/остри со камен или острило погодно за не’рѓосувачки челик
- Димензии: вкупна должина – 336 мм | должина на сечило – 200 мм
- Нето тежина (без пакување): 222 гр
- Зелената боја на рачката го идентификува ножот за да се разликуваат прехранбените производи што се сечат, со што се постигнува подобра хигиенско-санитарна контрола за потрошувачот, врз основа на европските регулативи
- Одржување: се препорачува рачно миење со топла вода и со нежен неутрален сапун за задржување на квалитетот на производот





Коментарите
Сè уште нема критики