Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Во динамичниот свет на професионалното готвење, ножот е продолжение на раката на готвачот. ProDynamic Kochmesser од 16 cm е дизајниран токму за тоа – да биде лесен, екстремно остар и секогаш подготвен за работа. Ова е ножот кој го дефинира поимот „универзален алат“ во кујната, совршен за сечкање, транширање и подготовка на сите видови намирници
- Иако по должина е помал од стандардните готварски ножеви, овој модел од 16 cm нуди супериорна контрола. Неговата форма на сечилото е во класична „Chef’s“ геометрија, која овозможува леснo ситнење зеленчук, зачини и доволно цврстина за сечење месо
- Главна карактеристика – широко сечило кое овозможува лесно пренесување на исечените намирници од даската во садот
- Материјал:
- Изработен од премиум легура на не’рѓосувачки германски челик (X50CrMoV15) со тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост, висока отпорност на корозија како и екстремна острина која којa долго го задржува својот „агол на сечење“
- Ергономски дизајнирана рачка во црна боја, оптимално прилагодена на Вашата рака, изработена од висококвалитетен полимер со мека текстура, кој не се лизга дури и кога рацете се влажни или масни, за удобно чувство при држење, исклучително лесна и сигурна при работа, со потпора за палец која го прави секое сечење поефикасно и побрзо
- Секој нож излегува од фабриката со ласерски тестирана врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии: вкупна должина – 304 мм | должина на сечило – 160 мм
- Нето тежина (без пакување): 160 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Коментарите
Сè уште нема критики