Опис
- Потекло: Република Турција
- Производител/Бренд: Kale
- Уживајте во 100% природен и свежо цеден сок со Kale 1704, врвна индустриска преса дизајнирана за максимална ефикасност и долготрајност. Идеална е за кафулиња, ресторани, барови, но и за секој дом каде што се бара бескомпромисен квалитет. Оваа масивна преса е специјализирана за лесно и брзо цедење на калинки, портокали, грејпфрут, лимони и мандарини
- Материјал: телото е од цврсто леано железо (гус) во елегантна сива гранулеста завршница, комбинирана со цедалка од не’рѓосувачки челик (инокс) за долготрајност и максимална хигиена
- Премачкана е со електростатска завршница која ја штити од надворешни влијанија и корозија
- Максимална екстракција: ергономската рачка користи напреден механизам на лост и запченик кој овозможува примена на исклучително силен притисок со минимален физички напор, извлекувајќи го максимумот од секое парче овошје
- Со специјален механизам со запчаник и назабена летва (rack and pinion), лостот развива притисок од околу 90 кг по единица површина, што овозможува максимално искористување на сокот од секое овошје
- Паметен дизајн на цедалката – скалестиот дизајн во делот на филтерот спречува неправилно гмечење на овошјето, овозможувајќи потемелно и полесно истиснување на сокот
- Висок капацитет: пресата има просечен капацитет за цедење од 50 кг овошје на час, што ја прави совршена за прометни локали, бифеа и барови
- Практичен додаток: вклучува мал сад поставен под главната цедалка кој ги собира преостанатите капки сок откако ќе ја тргнете чашата, одржувајќи го Вашиот шанк/работна маса беспрекорно чисти
- Висока хигиена: инката (ѕвоното) и филтерот за цедење се изработени од висококвалитетен не’рѓосувачки челик (инокс), што гарантира безбедност при контакт со храна и целосна отпорност на агресивните овошни киселини
- Тешката основа во форма на буквата „U“ обезбедува перфектен баланс и има гумени подлошки кои спречуваат лизгање или превртување дури и при најсилен притисок
- Лесно одржување: сите делови од не’рѓосувачки челик кои доаѓаат во контакт со овошјето лесно се отстрануваат и можат брзо да се измијат под млаз вода или во машина за садови
- Гаранција: производот доаѓа со фабричка гаранција од 2 години





Рецензии
Сè уште нема рецензии