Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Кога силата ја среќава традицијата – Сатарот Ladenspalter од F. Dick е дефиниција за неуништив алат, создадени за најтешките предизвици во месната индустрија, овој ‘ѕвер’ нуди моќност што го претвора секој удар во прецизен пресек
- Со својата тежина и специфична геометрија, тој ја користи инерцијата за да обезбеди чист и прецизен пресек со минимален напор од страна на месарот
- Широко и масивно полирано сечило кое има идеална дистрибуција на тежината, дизајнирано со најсовремени техники на ковање и стеснување за лесно и чисто пробивање на трвди ткива со едно движење, без да дојде до оштетување на работ на сечење
- Дупката на врвот на сечилото овозможува лесно закачување и складирање на сатарот кога не е во употреба
- Намена – распарчување на трупови, сечење на коски и обработка на тешки парчиња месо,
- Материјал:
- Изработен од премиум легура на не’рѓосувачки германски челик (X50CrMoV15) со тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна цврстина, издржливост, висока отпорност на корозија како и екстремна острина која лесно се одржува со редовно користење на масат
- Ергономска и издржлива долга рачка изработена од висококвалитетен неабразивен полимер со пријатна текстура, кој не се лизга и обезбедува сигурно држење. Цврсто споена со четири нитни за сечилото, што овозможува максимален пренос на силата и апсорбирање на енергијата при секој замав, заштитувајќи ја Вашата рака
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 440 мм | должина на сечило – 200 мм x ширина на сечило – 110 мм| нето тежина – 1.480 гр
- Вкупна должина – 390 мм | должина на сечило – 230 мм x ширина на сечило – 130 мм | нето тежина – 1.660 гр
- Вкупна должина – 414 мм | должина на сечило – 250 мм x ширина на сечило – 140 мм | нето тежина – 1.850 гр
- Сечилото е брусено под поширок агол за да се обезбеди максимална стабилност при удар врз тврди коски
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Коментарите
Сè уште нема критики