Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Јапонска прецизност со германски квалитет – Santoku во превод значи „три доблести“ или „три намени“, што укажува на неговата супериорна способност за сечење на долги и тенки парчиња, во форма на коцки и и униформно ситнење. Овој кован нож од серијата ActiveCut Pure импресионира со својот традиционален јапонски стил на тенко сечило со клинести крај кој е совршен за декоративни цели, како и за прецизни и фини резови, сон за секој професионален кувар
- Специјализиран за брзо и прецизно сечкање на сите видови зеленчук, за подготовка на тенки парчиња месо или филетирање риба како и лесно ситнење на свежи зачини
- Kullenschliff сечилото содржи низа на прецизно изработени вдлабнатини кои создаваат воздушни перничиња при сечењето кои спречуваат тенките и влажни парчиња храна да се лепат за ножот, што овозможува побрза и попрецизна работа
- Металниот спој помеѓу рачката и сечилото се протега само до половина од петицата (half bolster) што го прави ножот полесен и поизбалансиран при држење, а остриот раб на сечилото целосно достапно за употреба и острење
- Материјал:
- Изработен од кована висококвалитетна легура на германски не’рѓосувачки челик (молибден-ванадиумски челик X50CrMoV15) со тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономски обликуваната рачка која удобно лежи во Вашата рака, целосно припоена за сечилото, за максимална хигиена и безбедност
- Димензии: вкупна должина – 300 мм | должина на сечило – 180 мм
- Нето тежина (без пакување): 150 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Коментарите
Сè уште нема критики