Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Серијата ErgoGrip е наменски развиена за индустриска употреба, каде се бараат екстремна издржливост и бескомпромисна хигиена, нивниот профил е оптимизиран за лесно маневрирање околу коските, овозможувајќи максимално искористување на месото со минимален напор
- Цврсто и стабилно сечило – иако не се екстремно широки, сечилата се изработени од „стегнат“ (stiff) германски не’рѓосувачки челик кој не се витка, што гарантира сигурен и прецизен рез
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономска црвена рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Секој нож излегува од фабриката со врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 264 мм | должина на сечило – 130 мм | нето тежина – 120 гр
- Вкупна должина – 284 мм | должина на сечило – 150 мм | нето тежина – 130 гр
- Вкупна должина – 320 мм | должина на сечило – 150 мм | нето тежина – 140 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Рецензии
Сè уште нема рецензии