Опис
- Производител/Бренд: Tramontina
- Специјалист за финиш и прецизни работи овој нож од линијата Professional – Tramontina им нуди на мајсторите во кујната совршена комбинација од префинетост, издржливост и контрола. Сечилото е термички обработено за силна и долготрајна острина, додека елегантната бела полипропиленска рачка нуди сигурно држење и професионален изглед
- Лесен за маневрирање, продорлив, идеален за одвојување на коски и отстранување маснотии од месото
- Материјал:
- Специјално издолжено и тенко сечило од високвалитетен не’рѓосувачки челик, термички обработенo – процес кој обезбедува долготрајност и зголемени перформанси, со просечно ниво на тврдост од 56 HRC осигурува гарантиран баланс меѓу цврстината, флексибилноста и острината за безбедно сечење преку коски и разни сврзни ткива
- Пофлексибилно во споредба со другите модели овозможува висока контрола при сечење месо близу до коската
- Рачка од полипропилен во бела боја со посебна текстура дизајнирана за да спречи лизгање при користењето и ергономска форма за цврст и удобен контакт, санитарна со антимикробна заштита што го спречува растот на габи и бактерии
- Доаѓа во две димензии:
- Tramontina Professional 6″ Boning Knife 24603/086: должина – 297 мм x ширина – 42 мм x висина – 23 мм
- Tramontina Professional 7″ Boning Knife 24603/087: должина – 324 мм x ширина – 42 мм x висина – 23 мм
- Лесно одржување: погодeн за миење во машина за садови – практичност за секојдневна употреба
- Темелно измијте и добро исушете гo ножот пред првата употреба
- Внимателно ракувајте со него и чувајте го подалеку од дофат на деца
- За долготрајност, добро исушете го пред складирање, вклучително и по вадењето од машината за миење садови. Ве молиме рециклирајте го производот и пакувањето во согласност со постојните упатства за рециклирање





Коментарите
Сè уште нема критики