Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- ErgoGrip Zerlegemesser (ножеви за распарчување/делење). Овие ножеви се препознатливи по нивната специфична форма која потсетува на „јатаган“ – издолжено тесно сечило, со остар закривен врв за висока контрола при одвојување и распарчување на големи парчиња месо од коската и нивна индустриска подготовка, лесно минува низ големи мускулни маси, со природни заоблени движења
- Оваа форма е дизајнирана за максимална ефикасност при првичното распарчување на труповите, каде што е потребна комбинација од тежина, должина и прецизен врв
- V-Edge острина – како и целата ErgoGrip линија, овие ножеви доаѓаат со ласерски проверена острина за минимален отпор
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење. Полирано сечило со рабови под прецизна геометрија за лесно пробивање низ месото
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 303 мм | должина на сечило – 180 мм | нето тежина – 120 гр
- Вкупна должина – 347 мм | должина на сечило – 210 мм | нето тежина – 150 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Коментарите
Сè уште нема критики