Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Во светот на професионалните кујни и деликатесните продавници, должината и геометријата на сечилото е клучна за естетскиот изглед на храната – ProDynamic Aufschnittmesser со 30 cm долгото и тенко сечило обезбедува добивање на прецизни и тенки парчиња шунка, чадено месо, големо печење и потврди кашкавали со само едно повлекување. Ова го спречува кинењето на месото и гарантира дека секое парче ќе биде униформно и привлечно за сервирање
- Специјално конструиран со заоблен врв (round tip) и назабен дел кај основата на сечилото, што овозможува безбедно ракување и дополнителна контрола при почетниот зафат
- Исклучително долго и право сечило кое го намалува бројот на движења потребни за еден цел рез
- Материјал:
- Изработен од премиум легура на не’рѓосувачки германски челик (X50CrMoV15) со тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост, висока отпорност на корозија како и екстремна острина која лесно се одржува со редовно користење на масат
- Ергономски дизајнирана црна рачка оптимално прилагодена на Вашата рака, изработена од висококвалитетен полимер со мека текстура, кој не се лизга дури и кога рацете се влажни или масни, за удобно чувство при држење, исклучително лесна и сигурна при работа, со потпора за палец која го прави секое сечење поефикасно и побрзо
- Секој нож излегува од фабриката со ласерски тестирана врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии: вкупна должина – 430 мм | должина на сечило – 300 мм
- Нето тежина (без пакување): 170 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Коментарите
Сè уште нема критики