Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Kованиот нож за транширање од серијата ActiveCut Pure е специјализиран за фино сечење на веќе подготвената храна. Со својот долг, тенок и остар профил, овој нож е задолжителен за секој шеф кој сака да сервира совршено тенки парчиња месо со минимален отпор
- Дизајниран за долготрајна употреба во ресторани и домашни кујни каде се цени квалитетот, неговата кована конструкција му дава тежина која помага при сечењето, но истовремено останува исклучително балансиран
- Супериорен мазен раб на сечење – сечилото е ласерски тестирано и рачно финализирано за да обезбеди долготрајна острина која не ја нарушува текстурата и внатрешноста на намирниците
- Намена: транширање на печено месо, шунка и живина со хируршка прецизност, декоративни подготовки на овошје и зеленчук
- Металниот спој помеѓу рачката и сечилото се протега само до половина од петицата (half bolster) што го прави ножот полесен и поизбалансиран при држење, а остриот раб на сечилото целосно достапно за употреба и острење
- Материјал:
- Изработен од кована висококвалитетна легура на германски не’рѓосувачки челик (молибден-ванадиумски челик X50CrMoV15) со тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна двојно финализирана острина, ласерски тестирана на која е долготрајна и по интензивно професионално користење
- Ергономски обликуваната рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга и удобно лежи во Вашата рака, беспрекорно припоена со сечилото за максимална хигиена и безбедност
- Димензии:
- Вкупна должина – 325 мм | должина на сечило – 210 мм
- Нето тежина (без пакување): 130 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Коментарите
Сè уште нема критики