Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Серијата ErgoGrip со класичен, остар шпилест врв е наменски дизајнирана за потешките задачи во месната индустрија и за сите кои бараат беспрекорен алат за домашна обработка на месо, овие ножеви се препознатливи по својата издржливост, безбедност и острина која трае
- Класичната форма со шпицест врв овозможува лесно и точно пробивање при почетната фаза на обработка
- Сечило овозможува максимална контрола и лесно маневрирање при прецизни задачи, намалувајќи го отпорот при сечењето
- Идеален како нож за колење и за почетна фаза на обработка на месото, совршен за месари, индустриски погони, како и за домашна подготовка на месни производи
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење. Полирано сечило со рабови под прецизна геометрија за лесно пробивање низ месото
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 320 мм | должина на сечило – 180 мм | нето тежина – 150 гр
- Вкупна должина – 350 мм | должина на сечило – 210 мм | нето тежина – 160 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Коментарите
Сè уште нема критики