Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Универзален кујнски нож од серијата ProDynamic на F. Dick – срцето на секоја кујна, совршено избалансирана конструкција и острина за брза и ефикасна подготовка на состојките, дизајнирани за интензивна употреба во ресторани и кетеринг, домашни кујни, нож кој ќе го користите за 90% од задачите при подготовка на Вашите јадења
- Исклучително лесен за маневрирање, идеален за брзи и прецизни задачи
- Намена: сечкање зеленчук, лупење, сечење на коцки и општа кујнска подготовка
- Материјал:
- Изработен од премиум легура на не’рѓосувачки германски челик (X50CrMoV15) со тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост, висока отпорност на корозија како и екстремна острина која лесно се одржува со редовно користење на масат
- Ергономски дизајнирана црна рачка оптимално прилагодена на Вашата рака, изработена од висококвалитетен полимер со мека текстура, кој не се лизга дури и кога рацете се влажни или масни, за удобно чувство при држење, исклучително лесна и сигурна при работа, со потпора за палец која го прави секое сечење поефикасно и побрзо
- Секој нож излегува од фабриката со ласерски тестирана врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 282 мм | должина на сечило – 160 мм | нето тежина – 90 гр
- Вкупна должина – 304 мм | должина на сечило – 180 мм | нето тежина – 90 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Рецензии
Сè уште нема рецензии