Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Серијата MasterGrip е развиена во тесна соработка со професионалци од месната индустрија за да понуди нож кој е совршен за интензивна, долготрајна работа. Главната карактеристика на овој нож е неговата полуфлексибилност, која овозможува сечилото да се прилагодува на формата на коската, со што се намалува отпадот од месо
- Овој нож е специјалист за фино филетирање, сечилото беспрекорно лесно минува низ тешко достапните делови и ги следи природните кривини на трупот
- Материјал:
- Полуфлексибилно (1/2 Flex), тесно сечило изработено од премиум легура на не’рѓосувачки германски челик (X50CrMoV15) со тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост, висока отпорност на корозија како и екстремна острина која лесно се одржува со редовно користење на масат
- Главната карактеристика на серијата MasterGrip е ергономската рачка која е дизајнирана со странични вдлабнатини за одмор на палецот и посигурен зафат и отворен крај кој совршено лежи на дланката. Изработена е од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, високоотпорен на топлина и разни механички стресови, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Секој нож излегува од фабриката со врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии: вкупна должина – 320 мм | должина на сечило – 180 мм
- Нето тежина (без пакување):110 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Рецензии
Сè уште нема рецензии