Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Флексибилните модели од серијата ErgoGrip се специјално развиени со потенко и поеластично сечило кое овозможува ножот беспрекорно лесно да се свитка околу коските и ‘рскавиците и да го извлече секој грам квалитетно месо од коската, резултатот е извонредно чиста коска и минимален отпад
- Од компактниот модел со должина на сечило од 13 cm кој е идеален за вадење коски каде што просторот за маневрирање е ограничен, до вистинскиот „all-rounder“ со должина од 15 cm за универзално фино отстранување на коски и тримирање и поголемиот модел од 18 cm за поголеми парчиња месо како бутови или плешки кој Ви овозможува со еден потег да поминете по должината на коската, оваа серија изобилува со рзноврсност и квалитет и гарантирано ќе ги задоволи Вашите потреби
- V-Edge острина – исклучително тенкиот профил на сечилото овозможува лесно продирање низ ткивото со минимален притисок
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна и еластична легура на не’рѓосувачки челик, добиена со специјална термичка обработка, со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна еластичност без појава на деформации, издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Секој нож излегува од фабриката со ласерски тестирана врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии | Тежина:
- Вкупна должина – 271 мм | должина на сечило – 130 мм | нето тежина – 100 гр
- Вкупна должина – 291 мм | должина на сечило – 150 мм | нето тежина – 100 гр
- Вкупна должина – 323 мм | должина на сечило – 180 мм | нето тежина – 100 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Коментарите
Сè уште нема критики