Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Серијата ProDynamic на F. Dick е дизајнирана за готвачи кои бараат лесни, хигиенски и екстремно остри ножеви за секојдневна употреба. Ножот за шунка (Ham Slicer) од 25 cm е вистински мајстор за фино сечење преку неговата должина, флексибилност и тесен, профил кои овозможуваат „влечење“ на ножот низ целото парче месо, што резултира со мазни и рамномерни парчиња на големи сувомеснати производи, шунка или печење. Тој е неопходен за секој ресторан, lounge bar или домашна кујна каде што се цени совршено исечено и подготвено месо
- Исклучително лесен и балансиран нож за работа без напор
- Материјал:
- Изработен од врвен германски челик – висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик (X50CrMo14) добиена со специјална термичка обработка за балансирана флексибилност и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост, отпорност на корозија и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономски дизајнирана црна рачка оптимално прилагодена на Вашата рака, изработена од висококвалитетен полимер со мека текстура, кој не се лизга дури и кога рацете се влажни или масни, за удобно чувство при држење, исклучително лесна и сигурна при работа, со потпора за палец која го прави секое сечење поефикасно и побрзо
- Секој нож излегува од фабриката со ласерски тестирана врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии: вкупна должина – 380 мм | должина на сечило – 250 мм
- Нето тежина (без пакување):90 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за да ја зачувате острината и сјајот на овој професионален кујнски алат, препорачуваме рачно миење со благ детергент и веднаш сушење со мека крпа





Рецензии
Сè уште нема рецензии