Опис
- Потекло: Германија
- Производител: Friedr. DICK
- Кога станува збор за обработка на месо, компромиси со квалитетот не постојат. Германскиот бренд Friedr. Dick е синоним за врвно занаетчиство уште од 1778 година. Серијата ErgoGrip е специјално дизајнирана да одговори на потребите на професионалните месари, готвачи и ентузијасти кои бараат бескомпромисна хигиена, ергономија и долготрајна острина
- Кога работите со поголеми парчиња месо каде што е потребен континуиран и мазен рез, моделот од 18 cm е незаменлив. Благо закривената форма на сечилото овозможува природно движење на раката при сечењето, додека долгото сечило ја намалува потребата од повеќекратни потези, со што го олеснува извршувањето на задачата
- Материјал:
- Изработен од висококвалитетна легура на не’рѓосувачки челик со висок процент на јаглерод (X55CrMo14) и тврдост од 56 HRC, која му дава супериорна издржливост и отпорност на корозија како и екстремна острина на сечилото која е гарантирана и по интензивно професионално користење
- Ергономска сина рачка изработена од специјален неабразивен полимер кој не се лизга, дури и кога рацете се влажни или масни, со широк заштитник за прсти, кој спречува пролизгување на раката кон сечилото, нудејќи максимална заштита при работа
- Секој нож излегува од фабриката со врвна острина која лесно се одржува со редовно користење масат
- Димензии: вкупна должина – 319 мм | должина на сечило – 180 мм
- Нето тежина (без пакување): 140 гр
- Како дел од професионалната линија на F. Dick, овој нож ги исполнува најстрогите стандарди за безбедност на храна со потврден NSF сертификат. Нема простор помеѓу рачката и сечилото каде би можеле да се задржат бактерии, што го прави лесен за дезинфекција и одржување
- Одржување: за одржување на врвната острина, препорачуваме редовно користење на F. Dick масат (острилка). Ножот е погоден за миење во машина за садови, но за максимална долготрајност на челикот, рачното миење е секогаш подобра опција





Коментарите
Сè уште нема критики